Вчитувам...

Што е Храна за сите?

Храна за сите претставува платформа која овозможува да се информирате и купите добра храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот за пониска цена и до 80% од регуларната.

Мисија

Да го зачуваме паричникот, храната и планетата земја!

Визија

Создавање на економски одржлива и еколошки свесна заедница која ќе биде двигател на одржлив и попродуктивен систем на храна.

Вредности

  • Континуирано преиспитување, подобрување и развој
  • Градиме еколошка и социјална свесност
  • Навремено задоволување на потребите на клиентите

Тим



Признанија

Building the Next Generation of Young Leaders 2017

Првото признание кое внесе доверба во оваа бизнис идеја, произлезе од проектот на CIPE ( Center for International Private Enterprise) ,а беше спроведен од МОФ ( Младински Образовен Форум) преку циклусот на обуки, следеше натпревар за најдобар бизнис план благодарејќи на кој ја добивме иницијалната подршка за развој на идејата.

Social Impact Award 2017

Награда за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми. Храна за сите со своето промотивното видео ја освои наградата од публиката и присуствуваше на европскиот самит за социјално претприемништво. (Community Award)

Philanthropy for green ideas 2017

Филантропија за зелени идеи е годишен конкурс кој поддржува развој на мали одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Натпреварот за зелени идеи во Македонија е организиран од АРНО (Асоцијација за Развој на Нови Опции) во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefeller’s Brothers Fund) од САД. Храна за сите ја имаше честа да биде еден од трите финалисти на натпреварот на национално ниво, при што се квалификува за натпреварот на регионално ниво во Црна Гора каде што ја доби поддршката и од интернационалното стручно жири и се врати како еден од победниците на овој натпревар.

Контакт

Испрати порака за контакт


Други начини да не контактирате

Е-маил адреса
info@hranazasite.com

Контакт број
+389 77 64 68 64

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи