Вчитувам...

ЗОШТО ХРАНА ЗА СИТЕ Е ДОБРА ЗА ВАС ?

Зголемете ги Вашите приходи. Зголемете ја изложеноста на интернет и бидете препознатливи како општествено одговорна компанија. Без разлика дали сте ресторан, пекара, супермаркет, слаткара, хотел... Храна за сите е токму за Вас!

ПРОДАДЕТЕ ВО 3 ЧЕКОРИ

Објави

Не ја продадовте сета подготвена храна? Без грижи, овој пат е лесно, објавете ја на нашата платформа!

Внеси

Со неколку лесни клика ја внесувате храната, нејзината количинa, цена и временски период (до крајот на работниот ден)

Продади

Бидете подготвени храната да биде продадена за кратко време. Понудите поставени на платформата препорачуваме да бидат за носење.

Намалени трошоци

Остварување на дополнителен приход, преку продажба на храна која инаку не би била продадена

Намалување на трошоците за чување, промоција и отстранување на залихите

Бесплатен маркетинг

Без напор бидете изложени пред илјадници нови потрошувачи, онлајн и лице во лице

Бидете промовирани на нашата платформа, блог, социјални медиуми (facebook,instagram,youtube) и емаил кампањи. Храна за сите во локалните медиуми.

Лесно користење

Со три лесни клика веќе сте ја објавиле храната, цената и временскиот период во кој таа е достапна. Платформата е едноставна и секој може да ја користи. Со вашиот профил следува и статистиката на вашите продажби.

Без обврзувачки договори

Last minute food платформата Храна за сите, можете да ја користите во периодот кој што на Вас ви одговара. Нашата работа се базира на мала провизија на секоја нарачка или на пакети кои што можат да бидат откажани.

Бидете препознаени како општествено одговорна компанија

Помогнете во борбата за достапност на храната, фрлањето на вишокот храна и сузбивање на гладта

Зачувај ја планетата земја

Преку редуцирање на фрлените вишоци на храна, кои придонесуваат за зголемување на емисиите на стакленички гасови

Дополнителни придобивки

  • Со продажбата Вие докажувате дека служите свежа храна секој ден и дека не чувате приготвената храна за наредниот ден
  • Никој не ужива да подготовува храна која ќе ја фрли на крајот на работниот ден
  • Можност за вклучување во системот на донации, при што помогате храната да стигне кај оние на кои им е најпотребна
  • Ако отпадокот од храна би бил држава, таа држава би преставувала трет најголем емитувач на стакленички гасови во светот.
  • Градење на препознатливост на брендот како општествено одговорна компанија
  • Ако не можеш да нахраниш многу луѓе, усреќи барем еден – Мајка Тереза

“Фрлањето храна е како крадење од најсиромашните“ - Папата Францис

Регистрирај се

Информации за угостителскиот објект

Кориснички информации

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи