Вчитувам...

Радио МОФ: Повик до угостителските објекти да ја донираат храната што им останала

  Храна За Сите   19.02.2018

Во светот се произведува многу повеќе храна, отколку што се продава, а сепак таа е се уште недостапна за многу луѓе. Доколку храната не успее да се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска или пак да се донира. Една од причините поради која ова се случува е и не постоењето на организиран пазар на храна кој ќе овозможи размена на брзи информации помеѓу угостителските објекти, потрошувачите и невладините организации.

Поради ова, платформата „Храна за сите“ упати повик до угостителските објекти да се вклучат во намалување на овој проблем. Преку нивната мрежа тие овозможат евидентирање на објектите кои во моментот располагаат со храна која што би ја понудиле по пониска цена или пак храна наменета за донирање, а од друга страна потрошувачите кои ќе добијат информација за храна со пониски цени од регуларните или пак невладините организации достапна храна која што ќе можат да ја донираат.

„Нашата мисија е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја, преку создавање на оддржлива заедница, со која заеднички ќе ја вратиме изгубената вредност на храната!“, велат од платформата.

„Доколку ги споделувате истите вредностите помогнете ни да го рашириме овој пост да допре до сите заинтересирани угостителски објекти и потрошувачи кои што би сакале да се вклучат во тестинг фазата на оваа платформа која ќе биде целосна бесплатна. Угостителските објекти со приклучувањето ќе добијат зголемена продажба, намалување на трошоците поврзани со вишокот на храна, но и промоција и покажување на општествената одговорност преку донација на храната која што не би можеле да ја продадат.

Преку креирањето на овој оддржлив систем ќе се овозможи оние што немаат да добијат бесплатно, а и оние кои што имаат помалку или сакаат да заштедат да си купат еднакво добра храна за пониски цени“, стои во повикот на „Храна за сите“.

Угостителските објекти кои сакаат да се вклучат во акцијата можат да ги контактираат на 077 64 68 64, на мејлот info@hranazasite.mk, или пак, во порака на Фејсбук.

Преземено од: ww.radiomof.mk

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи