Вчитувам...

НОВА ТВ: „Храна за сите“ до рестораните: Донирајте го вишокот храна

  Храна За Сите   19.02.2018

етот e преплавен со многу повеќе храна отколку што се продава, а сепак таа се уште  е недостапна за многу луѓе.

Доколку храната не се продаде во моментот по нејзината цена, често се фрла, наместо да се продаде за пониска цена или пак, да се донира. Една од причините поради која ова се случува е и непостоењето на организиран пазар на храна и закон што ќе овозможи размена на брзи информации помеѓу угостителските објекти, потрошувачите и невладините организации.

,,Храна за сите’’ е прва платформа за продажба, промоција и донација на храна која што угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот, за пониски цени и до 80% од регуларните.

Тие упатија повик до угостителските објекти да се вклучат во намалување на овој проблем. Преку нивната мрежа, тие ќе овозможат евидентирање на објектите што во моментот располагаат со храна која што би ја понудиле по пониска цена или пак, храна наменета за донирање, а од друга страна потрошувачите кои ќе добијат информација за храна со пониски цени од регуларните или пак невладините организации достапна храна која што ќе можат да ја донираат.

-Нашата мисија е да ја зачуваме храната, паричникот и планетата Земја, преку создавање на оддржлива заедница, со која заеднички ќе ја вратиме изгубената вредност на храната .. Угостителските објекти со приклучувањето ќе добијат зголемена продажба, намалување на трошоците поврзани со вишокот на храна, но и промоција и покажување на општествената одговорност преку донација на храната која што не би можеле да ја продадат, велат од платформата.

Преку креирањето на овој одржлив систем ќе се овозможи оние што немаат да добијат бесплатно, а и оние кои што имаат помалку или сакаат да заштедат да си купат еднакво добра храна за пониски цени“, стои во повикот на „Храна за сите“.

Преземено од: novatv.mk

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи