Вчитувам...

Иновативност.мк: Social Impact Award - Натпревар на кој навистина не е важно да се победи! Секој учесник е победник!

  Храна За Сите   28.03.2018

Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во која се интегрираат економски и социјални цели. Tоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици и за зајакнување на инклузивниот раст.

Наградата за социјално претприемништво (SIA Macedonia) оваа 2018 година се одржува по четврти пат. Четврта година по ред млади студенти – идни претприемачи од Република Македонија, проактивно учествуваат во ваквата едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, со цел едукација и развивање на претприемачки вештини и способности. Студентите низ текот на програмата учат како своето знаење да го применат во одржлив бизнис модел, кој функционира во пракса, а притоа истиот и служи на заедницата и има потенцијал да се развие и да се имплементира како иновативно решение за глобалните проблеми.

„Нема ништо поубаво од тоа да создаваме култура на млади луѓе, кои се спремни да излезат надвор од својата комфорна зона и со своето знаење да придонесат за подобро општество за сите”, велат менторите на наградата за социјално претприемништво.

Со тек на времето се повеќе се зголемува интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие се спознаваат со можностите за развојот на сопствената кариера. Покрај едукација, наградата за социјално претприемништво нуди и финансиска поддршка за најдобрите бизнис идеи, како и патување на интернационалниот самит во Грузија.

Ваквото патување е одлична можност за дружба и поврзување со млади иноватори од целиот свет.

Тоа ни го покажа и минатогодишното искуство на СИА Самит Белград 2017, каде може да погледнеме како си поминаа минатогодишните победници. Тие велат дека покрај финалната финансиска поддршка, целиот едукативен процес низ програмата бил клучен  во развојот на нивните идеи и им помогнал да го направат првиот, клучен чекор кон имплементација.

Девојките од Ав Ав Хепи Дог центарот велат дека уште од најмали години се учени и воспитувани да се однесуваат со почит и  љубов спрема животните. Се додека не дојде денот, оваа помош која ја пружат од преголема љубов кон кучињата да прерасне во одличен бизнис, со кој ќе можат да направат одржлив план за заштита на правата на кучињата во Р.М. Бидејќи кучињата немаат глас, човекот би требало да биде нивниот глас ! АВ АВ Хепи Дог ја основаше својата иницијатива за заштита на правата на кучињата, односно за придонес во општеството решавајќи голем социјален проблем во нашето општество, преку времено згрижување, едукација за луѓето  и медицинска помош за бездомните кучиња. За СИА дознале преку социјалните медиуми. Еве каква е нивната приказна:

“ СИА ни помогна преку учество, дискусии и предавања водени од експерти за социјално претприемништво да ни се искристализира идејата и да не подготват за краток “Pitching” или кратка и јасна презентација на бизнис идејата. По добивање на наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award следуваше самитот во Белград кој ни донесе многу нови контакти, искусни ментори кои работеа со нас од почетокот до самиот крај на самитот и секако дружба и запознавање на наши истомисленици од ширум светот.

На идните учесници им препорачуваме, да се пријават доколку имаат идеја за социјален бизнис кој би придонел за нашето општество, идеја во која веруваат и доколку имаат добар бизнис модел, а со помош на СИА ќе развијат и усовршат добар бизнис план, кој навистина може да функционира. Во никој случај не треба да се откажуваат  без разлика дали ке ја добијат наградата или не, да веруваат во себе но и да ги слушаат менторите кои имаат одлично менторско искуство за бизнис модели.

Coterie на самиот почетокот од програмата беа два тима со комплементарни идеи, кои одлучија да направат поуспешен и заеднички проект. Така се роди концептот на Coterie – препознатлив бренд од Mакедонија, кој ќе се продава на западно-европските пазари.

Сметавме дека наградата за социјално претприемништво (SIA)  е одлична можност да го тестираме нашиот концепт и да видиме како општеството и околината ќе реагираат на ваков проект, односно да ќе не поддржат да му дадеме втора шанса на текстилот. Целовкупната програма е предизвик за сите учесници да претворат идеја во реален социјален бизнис. Едноставно е искуство што може целосно да ви даде нов поглед кон бизнис светот и да ве натера да излезете надвор од комфор зоната. Ќе запознаете луѓе кои ќе станат ваша инспирација, но и најголема подршка да го остварите вашиот сон за создавање на нешто вредно, кое ќе допринесе во развојот и растот на луѓето околу вас.”


„Храна за сите“ се победници од публиката.  Причината која го натера овој млад тим да ја отпочне ,,Храна за сите – Last minute platform ” е парадоксот на нашето време. Од една страна имаме низок економски стандард, а на друга тони фрлена храна.  Како економисти се обидоа да креираат одржлив еко систем преку кој ќе се овозможи оние што немаат да добијат бесплатно, а и оние кои што имаат помалку или пак сакаат да заштедат да си купат еднакво добра храна, но за пониски цени. hranazasite.mk  е  прва платформа за продажба, промоција и донација на храна која што угостителските објекти не успеале да ја продадат во текот на денот, но и за ново подготвена храна со неодоливи промотивни цени. Идејата позади ,,Храна за сите – Last minute платформа” е заштеда на ограничените ресурси, елиминирање на вишокот на храна и овозможување на брз проток на информаци.

“Social Impact Award е исклучителна програма и натпреварување која што има едукативен пристап и овозможува да ја надградите и оформите вашата идеја во посакуваниот правец. На оваа програма запознавме исклучителни луѓе полни со пасија и енергија да направат позитивна промени во општеството во кое што живеат, тоа се луѓе што не инспирираа и постанаа блиски пријатели. На секој млад човек со идеја за позитивна промена, топло му ја препорачувамe оваа програма“ – вели Јане Заевски, креаторот на Храна за сите.

Платформата Sozdadi.com е исто така една од победничките идеи. Креаторката на ваквата општествено одговорна онлајн заедница ни раскажа како  уште од основно училиште волонтира во разни организации и работи на проекти кои вклучуваат маргинализирани лица, а потоа истото го преточи и во своја професија.

“Кога во еден момент сфатив дека можам значително да придонесам за поголем социјален импакт, врз основа на досегашното знаење и искуство стекнато преку работење во сферата на социјална правда, се решив на овој чекор кој сметам дека е значителен придонес за доброто на општеството и локалните заедници, преку промоција на претприемачки дух. Социјалната економија е двигател на иновации, па оттаму преку Sozdadi.com ќе се стремиме да нудиме нови услуги и можности. Oд идејата тргнува сé, таа претставува основата на нашиот успех и првата скала на која мора да се качиме за да го оствариме. Идејата е подложна на промени и адаптации и не мора да биде конечна, на неа можеме да работиме и да ја надградуваме, но мора да постои, макар и во вид на сон, за кој Social Impact Award ни пружи можност да го оствариме. 

Во текот на целата програма работевме со експерти од областа, кои навистина ни помогнаа во развивањето на идеите. Комуникацијата со координаторите се одвиваше беспрекорно, а обуките организирани во рамки на Social Impact Award беа навистина едукативни и инспиративни. SIA беше можеби едно од најубавите искуства за мене како млад човек и социјален иноватор и истото го препорачувам на секој млад човек, кој има желба, визија, знаење и мисија да креира подобро општество за себе и за идните генерации.”

За сите оние кои имаат бизнис идеја и желба да станат дел од глобалното СИА семејтво, повикот за наградата е отворен до 8 мај, 2018 Награда за социјално претприемништво МК/Пријава!

Преземено од: inovativnost.mk

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи