Вчитувам...

Кафе мисли - 1

  Храна За Сите   07.05.2018
Милиони луѓе низ светот го започнуваат секој ден со чаша кафе. За многумина кафето е инспирација, за многумина нема инспирација додека нема кафе, но зависни или не од утринската магична напивка, на сите ни е најтешко кога алармот ќе ни заѕвони во понеделник наутро. Кога има кафе, тогаш ништо не е досадно и сѐ изгледа подобро: Одењето на работа, читањето книги, шетањето на кучето, цртањето… Дури и кога не правите ништо, кафето може тоа да го претвори во чиста поезија. За многумина, тоа е првото нешто што се прави наутро. Кафето ги зближува луѓето и со години стои како симбол за удобноста кој го чувствуваме само кога сме дома. Има толку многу видови кафе и секој од нив е правилниот начин да се започне денот. Во тој контекст, прочитајте ги овие инспиративни мисли, цитати и факти за кафето.

1. Зевањето е тивок врисок за кафе. 



2. „Во моментов повеќе би сакала да добијам кафе отколку комплименти.“ – Луиза Меј Алкот



3. „Ах, кафе. Слаткиот мелем заради кој ќе ги завршиме денешните обврски.“ – Холи Блек



4. Се станува подобро со една шоља кафе.



5. Прво кафе, па после се останато.



6. Јохан Себастијан Бах има напишано сатирична кантата за зависноста од кафе во 1732 година.


Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи