Вчитувам...

Амбалажа што ја менува бојата ако прехрамбениот продукт е расипан

  Храна За Сите   25.12.2017

Дури и денес, во вака напредни времиња, честопати се наоѓаме во ситуација кога се двоумиме дали храната од фрижидерот сè уште е употреблива за јадење, па прво ја погледнуваме и  ја мирисаме, а потоа погледнуваме на рокот на траење втиснат на амбалажата. 

Бразилската компанија „Браскем“ се надева дека многу скоро, нивното напредно решение ќе го разреши овој проблем засекогаш.

Оваа компанија, во соработка со неколку универзитети од Америка и Бразил, произведе посебна амбалажа за храна што содржи PH-индикатори, кои влијаат за промена на бојата на амбалажата доколку прехранбениот продукт се расипал. Ова звучи многу едноставно, па зошто досега не сме имале вакво решение?

Освен што овој изум би можел примарно да им помогне на потрошувачите кои не внимаваат на рокот на употреба при купувањето храна, туку оваа „паметна“ амбалажа би можела и тоа како да ја намали количината на фрлена храна. 

Статистиките покажуваат дека купувачите на годишно ниво фрлаат храна во вредност од речиси милијарда фунти, и тоа само затоа што декларациите на амбалажата на производите се нејасни и нечитливи, или што е уште пострашно, воопшто не ги забележале.

Ова не е првиот обид во светот купувачите да се предупредуваат со определени видови амбалажи. Пред три години, тим од Универзитетот „Роуд Ајленд“ направија амбалажа која ја менува бојата ако не е складирана на соодветна температура што е препорачана за определен прехранбен производ. 


Преземено од факултети.мк

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи