Вчитувам...

ВИДЕО: Оваа корпа за отпадоци го претвора остатокот од храна во ѓубриво!

  Храна За Сите   25.12.2017



Производителот на кујнски апарати Whirlpool произведе корпа за отпадоци која создава ѓубриво обработувајќи ги остатоците од храна кои и онака завршуваат во отпад, пишува порталот Engadget

Уредот именуван како Zera Food Recycler мора само да биде приклучен на струја, а сѐ што вие треба да направите е да ги фрлате остатоците од храна како овошје или зеленчук кој почнал да скапува или пак лушпите од истиот во делот наменет за тоа. Не е препорачливо да се фрлаат коски од месо и семки од овошје или зеленчук бидејќи сечилата на корпата не се толку остри.

Корпата работи со посебен филтер кој го спречува ширењето на непријатните мириси од обработката на отпадот, а може да се додаде адитив на база на растение за проџесот на обработка. Количински, корпата може да се полни со остатоци од храна од една недела и потоа да се вклучи опцијата за обработување после што ќе се добие ѓубриво кое ќе можете да го користите за во градината.

Постои и апликација за телефон со која далечински можете да управува со корпата. Продажбата се очекува да започне до крајот на годинава, по цена од 1.199 долари. Уредот е достапен да се купи и преку платформата Indiegogo по цена од 699 долари.


Преземено од inovativnost.mk

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи