Во рамките на меѓународниот проект Bin2Grid – „Претворање на неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните бензински станици“претставници на работните екипи од проектот беа во посета на компанијата „Везе Шари“ и нејзините индустриски капацитети, каде оваа фабрика го користи органскиот одпад од храна за производство на биометан и енергија.

Компанијата „Везе Шари“ во 2013 година ја изгради првата електроцентрала за биогас во Република Македонија „Електро Шари“. Оваа централа произведува електрична енергија од кокошкино ѓубриво има моќност од 999 киловати и истата производува околу 8 милиони киловат часови годишно.

Проект Bin2Grid – “„ретворање на неискористениот отпад од храна во биометан и негово доставување до локалните бензински станици“ е проект којшто е поддржан од Европската програма Хоризон 2020, каде како партнери во овој проект од Република Македонија се јавуваат Град Скопје и ЈСП-Скопје.

Главната цел на проектот е промовирање на селектирање на собраниот отпадот од храна од специфични и различни производители на овој вид на отпад (индустрија за храна и пијалок, угостителството, граѓаните), со цел да се произведува биогориво (biomethane) и истото да се користи преку локалните бензински пумпи. Очекувани резултати на проектот Bin2Grid е да се зголеми производството на обновлива енергија, преку одржливо управување со отпадот од храна.

Целта на проектот е да се комбинираат и пренесат искуствата на инволвираните страни и да се испита потенцијалот на отпадот од храна и пијалоци како обновливи извори на енергија во земји кои практикуваат различен начин на третман на отпадот: одделно собирање или депонирање на отпадот од храна. Преку реализација на предвидените активности ќе се креира план и препораки за користење на овој енергенс како обновливлив извор на енергија кој во општините во голема мера е неискористен. Имплементацијата на предложените модели се очекува да го зголеми производството на биогас од анаеробна дигестија на отпадоци од храна. Со зголемување на употребата на биогорива ќе се влијае врз намалување на емисиите на CO2 имајќи ја во предвид моменталната потрошувачка на фосилно гориво.

Преку проектот исто така, ќе се промовираат технологии и практики за управување со отпад од храна, ќе се поддржат производителите на биогас/biomethane преку подигање на свеста и доверба во користењето на овој енергенс, како и ќе се сврти вниманието кон овој енергенс како сигурен извор на енергија.

Во рамките на овој проект досега се реализирани поголем број на активности, во вид на размени на искуства и одржување на поголем број на конфернеции и обуки. Ваква обука беше организирана и во Скопје во септември годинава, која беше наменета за индустријата за храна и пијалаци, на тема „Претворање на неискористен отпад од храна во биометан обезбеден преку локална мрежа на пумпни станици“.

Превземено од http://makfax.com.mk