Вчитувам...

Пет совети за утринска нега која гарантира свежина за успешен ден!

  Илина Велјановска   26.12.2017

Вистинската убавина доаѓа одвнатре, па така со правилна исхрана и добра нега нашата кожа може вистински да заблеска. А, што ако ви кажеме дека правилната исхрана и добрата нега одат рака под рака?

Во прилог ќе ви покажеме неколку совети за тоа како да подготвите домашна и лесна за употреба козметика, за природно чиста и здрава кожа. Веќе нема да имате потреба да одвојувате часови за да изгледате свежо со помош на разни козметички препарати, се она што ви е потребно за свеж изглед го имате во својот дом. Додека вашето утринско кафе полека се лади, започнете со утринската рутина која брзо ќе ви обезбеди енергија и позитивен старт на денот, без разлика на обврските кои чекаат на вас.


1.  Доколку сте од оние кои наутро уживаат во шолја топол чај, повеќе отколку кафе, лесно можете да имате блескава насмевка и да ги избегнете хемикалиите кои ги содржат пастите, со тоа што ќе си направите своја домашна паста за заби.

 

Потребни состојки:

-       1 лажица сода бикарбона

-       Лимон

-       Чај од нане

Подготовка: На мала чинија ставете сода бикарбона, исечете го лимонот на половина и додадете сосема малку сок од лимон директно во содата. Останатиот лимон искористете го за вашиот чај J Следен чекор е сето тоа убаво да го измешате и да почекате да исчезнат меурчињата. Во ваквата смеса додадете капка чај од нане, а потоа темелно исчеткајте ги забите со млака вода. 

Благодарение на сокот од лимон и чајот од нане пастата дезодоризира и има пријатен освежителен ефект.

 

2.  И повторно остануваме кај чајот. Вториот совет се состои во тоа да кесичката која ќе ви остане од чајот не ја фрлате, едноставно оставете ја да отстои на очите некоја минута. Уште од времето на нашите баби, се знае дека ваквиот третман помага за ефикасно отстранување на темните кругови под очите. Одвојте минутка време секое утро за релаксација и хидратација и значително ќе ги забележите позитивните ефекти на вашата кожа. Да, толку е едноставно!

 

3.  Доколку приготвувате кашичка или утрински појадок со магданос, го имаме третманот за вас! Зошто би фрлиле дел од цветовите магдонос, кога може да ги искористите во корист на убавината? Ви претставуваме домашно приготвен тоник од магданос, со кој ќе ја хидратирате кожата и ќе стимулирате производство на колаген и еластин во кожата на вашето лице. Една од најлесните и ефективни процедури за подмладување е со магданос. Потребни ви се три лажици ситно исецкан магданос и 200 грама вода. Варете го магданосот во водата околу 15 минути. Откако смесата ќе се олади, прецедете ја и со помош на тоалетно памукче масирајте го вашето лице со течноста наутро и навечер. Оставете така неколку минути и потоа исплакнете со млака вода. Магданосот идеално ја освежува кожата и ги отстранува различните пигментации по кожата со што се добива порцелански и изедначен тен.

 

4.       Овој совет се однесува на сите љубители на кафето, па така на нашето утринско мени имаме лесен и едноставен пилинг од кафе за кој многумина ќе потврдат дека има супер ефикасни резултати. Откако ќе го испиете утринското кафе, во талогот додадете малку кокосово масло и измешајте. Пред утринското туширање нанесете го рамномерно на местата каде имате целулит и оставете да отстои 10 до 15 минути. Ова е најевтината и наједноставна варијанта на антицелулитен производ што секој може да си го дозволи. Постојат бројни варијанти на овој пилинг, а сите ќе се сложиме дека кафето е ефикасен сојузник во борбата против целулитот, бидејќи ја поттикнува циркулацијата и ја ослободува кожата од сите неправилности.

 

За оние кои сакаат малку попрофесионален спа третман во домашни услови тука е и CRUSH coffee scrub природниот пилинг за тело, кој може да го порачате на страната на Sozdadi.mk.

 

После овој совет ќе ви биде многу жал што сте ги фрлале корите од портокал!



Повеќето луѓе ја фрлаат кората од портокалот, но можеби ќе се уверите дека тоа е голема грешка откако  ќе дознаете што с
ѐ можете да направите  по јадењето на ова вкусно овошје!

 

Ако имате чести проблеми со варењето, пробајте утрински чај од кора од портокал. Прво оставате ја кората да се исуши, па во врела вода ставете цела кора и оставете да отстои 15 минути. Овој напиток може да биде ефикасен лаксатив.

 

Кората од портокал е мелем и за кожа со несовршености. Едноставно, истријте го лицето со неа, а антиоксидантите ќе завршат одлична работа!

 

Имајте убав почеток на денот!

 

И за крај не заборавајте да се консултирате со дерматолог пред користење на секој вид на козметика, па и за природна.


Илина Вељановска




http://sozdadi.com/

Автор

Слични статии

Посакувате некој од Вашите омилени угостителски објекти да се дел од оваа платформа? Предложи